Чоколаден колач со праски

Потребни состојки:

5-6 праски
2 јајца
200 гр кисела павлака
100 мл млеко
100 мл масло
2 лажици какао
2 пакетчиња ванилин шеќер
1 прашок за пециво
1 чаша шеќер (200 мл)
1 лажица рум
2 чаши брашно

Начин на подготовка:

Праските излупете ги и исечкајте ги на коцки. Во длабок сад ставете ги сите состојки и убаво со маталка измешајте ги. Тепсијата во која ќе печете премачкајте ја со масло и наросете ја со брашно. Ставете половината од смесата во тавата и оставете ја да се пече 5 минути на 200 степени за да фати кора. Извадете ја тавата од рерната и врз кората ставете ги праските. Прелијте ги со преостанатиот дел од смесата. Вратете го колачот да се допече. Со чепкалка проверете дали е испечен. Кога ќе е готов, оставете го да се излади, а па послужете наросен со шеќер во прав или со стопено чоколадо.

Scroll to Top