Чоколаден колач со јогурт

Потребни состојки:

3 чаши јогрут (од 180мл)
300гр брашно
250гр шеќер
120мл масло
25гр какао
2 лажички сода бикарбона
Маргарин за премачкување на тавчето

За глазурата:

150гр путер
150гр чоколадо за готвење
120гр шеќер
120мл млеко

Начин на подготовка:

Сите состојки за тестото  соединете ги и со миксер матете ги околу три минути. Потоа смесата истурете ја во тавче за печење кое е подмачкано со маргарин. Печете на 200 степени 20 до 30 минути. Додека се пече тестото, путерот ставете го да проврие и тргнете го од оган. Додадете го чоколадото искршено на парчиња, шеќерот, млекото и мешајте додека смесата убаво не остине. Кога ќе се олади испечениот бисквит, прелијте со глазурата и оставете го фрижидер убаво да се олади.

Scroll to Top