Чоколадирани вишни за двајца

By

Ја растопуваме чоколадата заедно со зејтинот и маргаринот. Додека е топла чоколадата се премачкуваат калапчињата по краевите така што се остава празен простор и се ставаат во фрижидер да се стегне чоколадата.

Остатокот од чоколадата се држи на топло. Во меѓувреме се прави пралине од прав шекерот и вишновката,се промешуваат убаво. Се вадат калапчињата од фрижидер се става малку од пралинето и по една вишна во секое,

Се покрива одозгора со останатата топена чоколада и се ставаат пак во фрижидер

За кратко време се замрзнуваат и се вадат од калапчињата (во случајот цветни силиконски) чоколадираните, пијани вишни.

Можете да користите и друга форма калапи, секако може наместо вишни да се стави потпечен лешник,ореви, бадеми.

 

Ќе ви се допадне