Чоколадна торта готова за 15 минути

Потребни состојки:

1/2 литар млеко
Кесичка пудинг од ванила
3 лажици шеќер
200гр чоколадни наполитанки
Кутија обични, тврди бисквити

За филот:

100гр чоколадо
50гр путер
3 лажици вода
3 лажици шеќер

Начин на подготовка:

Во правоаголна тава наредете ги бисквитите. Сварете ги млекото, шеќерот и пудингот, а потоа истурете ја пудинг-смесата врз бисквитите. Ставете ги чоколадните наполитанки над пудингот, покривајќи ја целата површина. Стопете го чоколадото на пареа, додадете вода и шеќер и мешајте додека не се згусти. Тргнете ја смесата настрана и додадете го путерот, мешајќи додека не се стопи па прелијте ја тортата. Оставете ја тортата да се олади, потоа послужете ја.

Scroll to Top