Потребни состојки:
2 јајца
50 гр какао прав
150 гр брашно
малку сол
1 лажичка прашок за печиво
70 гр шеќер
6 мали лажички кокосово или билно масло
50 мл млеко
1/2 лажичка екстракт од ванила
Начин на подготовка:
Измешајте ги сувите состојки, па додадете ги течните и добро измешајте. Смесата ставете ја во помал калап за торта и печете 20 минути на 180 степени. Врз тортата ставете растопено чоколадо или посипете шеќер во прав.