Чоколадна торта со малини

Потребни состојки:

6 јајца
120 грама шеќер
120 грама темно чоколадо
половина прашок за печиво
околу 450 грама мармалад од малини
2 лажички вода
400 грама свежи малини
250 милилитри павлака за шлаг

Начин на подготовка:

Обложете го дното на калапот за торта со хартија за печење, а страните премачкајте ги со масло. Одвојте ги белките од жолчките. Изматете ги белките со шеќерот со миксер додека не добиете пенеста смеса. Измешајте ги жолчките со прашокот за печиво и изматете ги со миксер. Стопете го чоколадото и додајте го во жолчките, добро измешајте па сето тоа додајте го во претходно изматените белки.

Внимателно соединете ја смесата, ставете ја во калап и печете на 180 степени од 25 до 30 минути. Тестото ќе нарасне, но откако ќе го извадите од рерна ќе спласне малку. Избоцкајте го тестото со вилушка. Оставете го да се излади малку, а за тоа време загрејте го мармаладот со две лажички вода, па премачкајте го изладеното тесто.

Наредете ги свежите малини врз мармаладот. Изматете слатка павлака за шлаг и украсете ја тортата по желба.

Scroll to Top