За оваа чоколадна торта сè што треба да направите е да ги ставите состојките во блендер, да ја истурите смесата во калап и да ставите да се пече.
Потребни состојки:
1 лименка кондензирано млеко
1 пакување павлака за готвење без млеко
1 шолја какао
1 лажица стопен путер
2 јајца
1 жолчка
4 лажици шеќер
рендано чоколадо или чоколадни трошки за декорација
Начин на подготовка:
Изматете ги во блендер сите состојки освен чоколадните трошки. Истурете ја смесата во кружен калап со дупка на средина, претходно премачкан со путер. Ставете да се пече 1 час во претходно загреана рерна на 180˚С, врз сад со вода. Откако ќе ја извадите тортата од рерна, оставете малку да излади, па оставете ја 3 часа во фрижидер. Извадете ја од калапот и декорирајте со чоколадни трошки.