Чоколадни колачи без брашно

Потребни состојки:

3 белки од јајца
65 гр какао во прав
½ лажичка цимет
¼ лажичка сол
1 лажичка екстракт од ванила
150гр чоколаден корнфлекс
360 гр шеќер во прав.

Начин на подготовка:

Измешајте ги сувите состојки – шеќер во прав, какао, сол и цимет. Додадете ги белките и екстрактот од ванила и мешајте додека смесата не се соедини. Додадете го чоколадниот корнфлекс. Убаво соединете ја смесата. На плех поставете хартија за печење и вадете од смесата со лажица, една лажица еден колач. Печете во загреана рерна на 180 степени околу 15 минути.

Scroll to Top