Чоколадни колачи од три состојки

Потребно состојки:

170 грама млечно чоколадо
120 грама путер од кикирики
3 лажици шеќер во прав

Начин на подготовка:

Чоколадото стопете го на пареа или во микробранова печка. Добро измешајте го шеќерот во прав во путерот од кикирики. Во метален калап за мафини ставете една лажица растопена чоколада и намачкајте ја на површината. Потоа додадете една лажица од смесата од путерот од кикирики и шеќерот. Сè премачкајте со уште една лажица растопено чоколадо. Постапката повторете ја додека не ги потрошите сите состојки. Ставете го во фрижидер околу еден час или додека чоколадото не се стврдне. Извадете ги колачите од калапот и послужете ги.

Scroll to Top