Чоколадни штангли со бадеми и кикирики

Потребни состојки:

50 г ореви,
50 г излупени кикирики,
50 г бадеми,
50 г индиски ореви,
малку рендана кора од лимон,
3-4 лажици сируп од урми или јаворов сируп,
80 г чоколадо,
1 лажица масло.

Начин на подготовка:

Ставете ги сите јатки во блендер и сомелете ги во прав. Во нелепливо тавче ставете 3-4 лажици од засладувачот, па во него изрендајте ја лимоновата кора. Мешајте со шпатула додека сирупот да се карамелизира на ниска температура. Кога малку ќе запени додајте ги измелените јатки и соединете во густа и цврста смеса. Смесата префрлете ја во долгнавест калап и добро измазнете ја површината. Ставете во фрижидер да отстои 3-4 часа за добро да се стегне. Извадете ја смесата од калапот и поставете ја на даска за сечење. Исечете штангли со дебелина по ваша желба. Во меѓувреме растопете го црното чоколадо со една лажица масло. На крајот потопувајте ги штанглите една по една во растопеното чоколадо и редете ги на даска обложена со проѕирна фолија додека чоколадото малку да се стегне. Може да ги ставите во фрижидер околу 30 минути за побрзо да се стегнат.

Scroll to Top