Чоколадни триаголници со кикирики

Потребни состојки:

1 лажица полна нутела
200гр потпечени кикиритки
200гр мелени бисквити
100мл млеко
100гр шеќер
140гр путер
100гр чоколадо, црно

Глазура:

60гр црно чоколадо
1лажица масло

Начин на подготовка:

Во сад на многу тивок оган ги соединуваме путерот, шеќерот, нутелата, чоколадото и млекото. Кога смесата ќе се изедначи ја тргаме од оган. Додаваме мелени бисквити, и потпечените кикирики што ќе ги искршиме со толчник. Убаво ги соединуваме сите состојки. Смесата ја ставаме во триаголен калап кој е обложен со проѕирна фолија. Колачот го оставаме во фрижидер околу 2 часа. Го вадиме триаголникот од калапот, го прелеваме со подготвената глазура. Сечеме на парчиња и послужуваме.

Scroll to Top