Депресивна торта

Тортата без јајца и масло, позната и како „Депресивна торта“ повторно е хит во светот.

Потребни состојки:

1½ чаши сенаменско брашно
1 чаша шеќер
1/4 чаша какао во прав
1 лажичка сода бикарбона
1 лажичка сол
1 лажица јаболков оцет
1 лажичка екстракт од ванила
6 лажици растително масло
1 чаша сварено ладно нескафе (или вода)

Начин на подготовка:

Загрејте ја рерната на 250 степени. Со масло и брашно подмачкајте ја тавата за печење (тркалезна или во форма на квадрат, по желба). Измешајте ги брашното, какаото, сода бикарбоната, солта и шеќерот. Во сувата смеса со прст направете три дупки. Внатре истурете ја мешавината од ванилата, оцетот и маслото, во секоја дупка подедакво. Додадете го кафето и промешајте ги состојките додека не се спојат. Смесата ставете ја во подмачканата тава. Печете 35 минути. Изладете ја тортата во тавата, па наросете шеќер во прав и послужете ја.

Scroll to Top