Џем од малини

Џем од убави малини со додаток на ванила и свежи листови нане …

Потребно

  • 2 кг малини
  • 1 кг шеќер
  • изрендана кора од 1 лимон
  • 1 ванила стапче
  • 1 рака свежи листови нане

Подготовка

  • Малините измијте ги убаво, исцедете ги и додадете го шеќерот. оставете ги да стојат околу 4 часа.
  • Ставете ги во едно тенџере да се варат на појака температура, а кога ќе почнат да вријат намалете ја температурата и варете ги на тивко. Со лажица вадете ја пената која ќе ја пуштат малините додека се варат.
  • По 25 минути откако ќе ја намалите темературата додадете ја ситно изренданата кора од лимон и со остро ноже изгребете ги семките од стапчето ванила. Додадете ги и листовите нане.
  • Џемот варете го уште 10-15 минути и потоа направете проба така што земете едно лажиче од џемот и ставете го на чиста сува чинија. Џемот треба да се стврдне по околу 15-тина секунди. Ако тоа не се случи значи џемот не е сеуште готов и треба да го доварите.
  • Врелиот џем сипете го во врели тегли и затворете ги со стерилизирани капаци. Потоа преврте ги од опачината и оставете ги така да се изладат. Кога ќе се изладат превртете ги и ставете ги да стојат на темно место.
Scroll to Top