Диета со кисело млеко

By

Ако сакате за кратко време да влезете во форма, ви нудиме одлична диета. Диетата трае 7 дена и се намалуваат од 4-6 килограми.

Принципот е следниот: јадете кисело млеко кога ќе сакате и колку ќе сакате. Притоа можете да додадете и други видови храна според правилата:

1, 2, 3 ден

Може да додадете варен ориз или компири во менито. Никакви газирани пијалаци! Од алкохол дозволено е само бело вино и тоа не повеќе од 1 чаша.

4, 5, 6 ден

Освен кисело млеко можете да јадете и пилешко филе варено или печено. Може да додадете и свежа салата. Без алкохол и газирани пијалаци.

7 ден

Кисело млеко и овошје. Само без банани и грозје. Може да си дозволите чаша вино. Важно е откако ќе завршите со 7-от ден да не почнете да се прејадувате. Постепено зголемувајте ја количината и додавајте ги другите видови храна.

Накратко, тоа е! Ќе ви биде тешко само првите 2 дена, но ако сакате успех ќе издржите и набрзо ќе ги видите резултатите.

Ќе ви се допадне