Домашен џем од кајсии

Потребни состојки:

1,5 кг кајсии
1 кг шеќер
3 лажици сок од лимон
125 мл вода

Начин на подготовка:

Кајсиите исчистете ги од семките, поделете ги на половина, залијте со водата, ставете 1/4 од вкупната количина шеќер и варете околу 15 минути за да омекнат. Додадете го остатокот од шеќерот и варете околу 1 час на тивок оган, но не престанувајте да мешате. Ако ви останат покрупни парчиња, џемот можете да го изматите со миксер. Кога ќе ја добиете саканата густина, соберете во жешки тегли и убаво затворете ги. Замотајте ги теглите во крпи и оставете ги да се изладат преку ноќ.

Scroll to Top