Потребни состојки:
200 мл млеко
100 г лешник (или бело чоколадо)
100 г чоколадо
100-300 г шеќер (по вкус)
20 г ванилин шеќер
250 г млеко во прав
150-200 г путер
Начин на подготовка:
Лешниците најдобро е претходно малку да се потпечат во рерна или на сува тава, а кога ќе се оладат, излупете ги да бидат бели. Ставете 100 г во блендер и ситно сомелете ги додека почнат мастите да се одвојуваат од нив. Во тенџере ставете 200 мл млеко, 20 г ванилин шеќер и шеќер обичен, од 100 до 300 г во зависност од тоа колку сакате да ви биде сладок кремот. Додадете и 150-200 г путер исечкан на помали коцки. Загревајте на умерен оган додека да се растопат и соединат состојките.
Садот тргнете го на страна, па постепено додавајте 250 г млеко во прав со постојано матење со миксер. Измиксајте добро за да нема грутчиња. Потоа смесата поделете ја на два дела додека сè уште е топла. Во едниот дел промешајте ги мелените лешници, а во другиот сад промешајте 100 г црно чоколадо искршено на коцки.
Измиксајте за да се соединат состојките. Смесата е полутечна, но кога ќе се олади ќе се стегне. Ставете го кремот во тегла и чувајте во фрижидер.