Домашен хумус според оригинален рецепт

Хумусот е популарно јадење на Блискиот Исток, а стана тренд во исхраната во светот изминатава деценија.

Потребни состојки:

500 гр варена леблебија
1 чешне лук
1/5 лажичка кумин во прав
1/5 лажичка хималајска сол
1 лажица сок од лимон
1 лажица маслиново масло
Вода од варената леблебија

Начин на подготовка:

Варената леблебија изматете ја во блендер, а потоа додавајте ги сите други состојки една по една: првин лукот, па куминот, солта, лимонот и на крајот маслиновото масло. Мешајте околу 2 минути, па додајте една лажица од водата од леблебијата. Блендирајте една минута. Потоа пак додајте од водата од леблебијата и блендирајте и сè така додека не добиете мазен намаз.

Scroll to Top