Домашен компот од праски

Потребни состојки:

3 кг праски
шеќер
вода

Начин на подготовка:

Праските добро ги миеме и им ја отстрануваме лушпата (по вкус, кората може и да остане). Ги сечеме на четвртинки и им ги отстрануваме семките. Во секоја тегла редиме ред праски, па врз нив посипуваме 1-2 лажици шеќер, ставаме нов ред праски, повторно шеќер и така додека да се наполни теглата. Потоа дополнуваме вода и ги затвораме. Подготвените тегли ги обвиваме со хартија и ги редиме во длабок сад. Го полниме садот со вода, го ставаме на рингла и оставаме да зоврие водата. Кога ќе зовријат, вариме уште 10 минути на тивок оган. Потоа тенџерето го тргаме од огнот, ги ставаме во друг сад и ги обвиваме теглите со ќебе, па оставаме да се изладат преку ноќ.

Scroll to Top