Потребни состојки:
половина килограм тенки кори
4 јајца
350 грама шеќер
200 милилитри масло
150 грама презла
1 прашок за печиво
300 грама вишни од компот
200 милилитри вода
1 ванилин шеќер
Начин на подготовка:
Измешајте ги јајцата, маслото и половина од количината шеќер, а потоа додајте ги презлата и прашокот за печиво. Во сад за печење со димензии 40х25 наредете четвртина од корите, па премачкајте со половина од смесата со јајца, ставете дел од вишните и покријте ги со кора. Повторете ја постапката додека не ги потрошите сите состојки, а најгоре треба да има кора.
Печете на температура од 185 степени околу 45 минути додека горната кора да добие златножолта боја и да биде крцкава. Сварете ги водата, шеќерот и ванилиниот шеќер, а потоа прелијте ја испечената баклава. Послужете ја кога целосно ќе остине.