Домашни чоколадни наполитанки

Потребни состојки:

4 обланди
6 јајца
250гр шеќер
1л млеко
250 гр маргарин
250 гр мелени лешници
2 лажици брашно
180 гр темно чоколадо
1 ванилин шеќер

За чоколаден прелив:

100 гр маргарин
100 гр чоколадо за готвење

Начин на подготовка:

Во длабоко тенџере на оган ставете 700мл млеко, додадете ги шеќерот и ванилиниот шеќер. Скршете ги јајцата, белките ставете ги во посебен сад, а жолчките ставете ги во садот заедно со преостанатото млеко. Додадете го брашното и мешајте. Мешајте без престан и додадете ги и жолчките во зовриеното млеко. Откако кремот ќе ја добие потребната густина тргнете го тенџерето од оган. Во смесата ставете го чоколадото, па мелените лешници и мешајте додека смесата не се соедини. Оставете да се излади, па додадете го маргаринот и матете со миксер додека филот не се соедини.

За чоколадниот прелив, скршете го чоколадото на парчиња и ставете го во сад на пареа. Додајте го маргаринот. Откако состојките ќе се растопат и преливот ќе ја добие посакуваната густина, тргнете го садот на страна. На послужавник, со мазната страна надолу, ја ставате првата обланда и ја премачувате со фил. Една врз друга ги редите преостанатите обланди и секоја ја премачкувате со фил. Откако филот ќе се стегне, ги сечете обландите, па секоја наполитанка ја потопувате во чоколадниот прелив. Ставете ги во чинија за служење и попрскајте ги со мелените лешници.

Scroll to Top