Домашни интегрални плочки

Потребни состојки:

200 гр интегрално брашно
3 лажици сусам
2 лажици ким
3 лажици ленено семе (мелено)
70 гр путер
100 мл вода
1/2 лажичка сол

Начин на подготовка:

Рерната загрејте ја на 200 степени, а плехот обложете го со хартија за печење. Од сите состојки замесете тврдо тесто. На набрашнета подлога развлечете го тестото во кора, дебела околу 5мм. Исечете облици какви сакате – правоаголни, коцки или со модла по ваш избор. Крекерите печете ги околу 15 минути.

Scroll to Top