Домашни јуфки

Состојки:

20 јајца
1 рака сол
5 кг брашно
1 литар млеко

Начин на подготовка:

Во длабок сад се ставаат јајцата и се матат со вилушка. Се додава солта и млекото. Постепено се додава брашното се меси долго додека не се добие убаво мазно тврдо тесто. Потоа тестото се дели  на топки и секоја топка се поминува низ машина за јуфки. Ако сакате можете да ги исечете со машина по ленти, па да ги сатвите да се сушат. Но, во оригиналниот рецепт, тестото поминато низ машина се остава на сонце да се исуши, а потоа јуфките се кршат и се собираат во кутии или во чист чаршав.

Scroll to Top