Домашни переци

Потребни состојки:

20 гр. пивски квасец
20 гр. ким
1  жолчка
200 мл. вода
500 гр. брашно
50 гр. путер
Малку сол

Начин на подготовка:

Во брашното направете вдлабнатина и во неа ставете ги пивскиот квасец растворен во малку млака вода, путерот, 200 милилитри вода и кимот, потоа се замесува хомогено тесто. Додајте уште вода ако е потребно. Формирајте топка, покријте ја со крпа и оставете ја да отстои 2 часа на собна температура. Потоа тестото поделете го на повеќе топки од кои ќе наоравите „врвки“ со дебелина 1 см и должина од 50 см. Секоја врвка оформете ја во вид на перек и залепете ги краевите. Переците ставете ги врз плех и премачкајте ги со жолчка, изматена во малку вода. Посипете ги со крупна сол и ким, па оставете ги да отстојат кратко време. Потоа печете ги на 200 степени 30 минути.

Scroll to Top