Домашни тулумби со путер

By

Потребни состојки:

Сируп:

400 гр шеќер
300 мл вода
неколку фелчиња лимон
малку ванила

Тесто:

100 мл млеко
100 мл вода
1 лажица шеќер
30 гр путер
50 мл масло
150 гр брашно
5 јајца

Начин на подготовка:

Ставете ги водата и шеќерот во тенџере и оставете да зовријат. Намалете го огнот, додадете лимон и ванила по желба и варете уште 4-5 минути. Извадете од оган и изладете.

За тестото, ставете вода, млеко, шеќер, путер во тенџере. Оставете да зоврие, тргнете го од оган и додадете ја целата количина брашно одеднаш. Добро измешајте со лажица за да се соедини во компактно тесто, а потоа вратете се на исклучената рингла и варете со постојано мешање, минута или две. Тргнете го од оган и оставете го да се олади 10-15 минути. Додавајте едно по едно цело јајце, мешајќи постојано со мешалка додека не добиете компактно, мазно и меко тесто.

Загрејте го маслото добро во длабока тава, но на средна топлина. Огнот не треба да биде премногу силен, но маслото треба да биде добро загреано. Пренесете го тестото во шприц за толумби или ќеса со продолжение во форма на sвезда. Истиснете го тестото во маслото до должина што ви одговара и исечете го со ножици. Пржете со вртење неколку минути додека толумбите не поруменат од сите страни.

Извадете ги врелите толумби со жица, исцедете ги и ставете ги во изладениот сируп. Оставете ги да стојат една минута или две, со тоа што ќе ги свртите еднаш или двапати. Исцедете ги малку и наредете ги во тава во еден ред. Ако остане сируп на крајот, истурете го врз тулумбите. Оставете ги на собна температура да се оладат и потоа може да се стават во фрижидер.

Ќе ви се допадне