Потребни состојки:
1 кг брашно
1 квасец
250 мл млеко
150 мл вода
180 мл јогурт
2 лажички сол
1 лажица шеќер
3 јајца
50 мл масло
500 гр чварки
Начин на подготовка:
Ставете го квасецот во млако млеко во кое претходно сте измешале две лажички шеќер и малку брашно. Просејте го брашно, ставете сол, подигнатиот квасец и млекото. Замесете меко тесто, па оставете да нарасне. Чварките треба да се измелат, да се додаде 1 јајце и малку сол и да се измеша добро. Истенчете го подигнатото тесто и премачкајте со мелени чварки. Преклопете го тестото како писмо и оставете го да одмори. Оваа постапка треба да се повтори уште два пати. По тоа, раширете го тестото и вадете погачи, наредете ги во плех за печење. Погачите премачкајте ги со јајце и посипете ги со сусам или ким. Печете во загреана рерна додека не поруменат.