Домашно слатко од кајсии

За подготовка на слаткото од кајсии најважен е соодносот на кајсии, шеќер и вода. На 1 килограм кајсии ставете 800 грама шеќер и 1 чаша вода.

Кајсиите се лупат, им се вадат семките и се ставаат да отстојат два часа во варова вода. Потоа се мијат убаво и се ставаат да се исцедат. Од шеќерот и водата се вари шербет кој врие околу 15 минути, па исцедените кајсии се ставаат во шербетот. Слаткото се вари на тивок оган околу 30- 40 минути (можеби и малку подолго) за да згусне шербетот. Додека се вари слаткото со лажица собирајте ја пената.

Кога ќе е готово, тенџерето се покрива со влажна крпа и се остава да се излади. Слаткото се собира ладно во ладни тегли.

Scroll to Top