Домашно слатко од зелени смокви

Потребни состојки:

1.250 гр зелени смокви
3 кг шеќер
3 лимони
3 ванили
2 чаши вода (чаша од 200мл)

Начин на подготовка:

Најпрво убаво се мијат смоквите. Се сечат рачките и со игла се пробушуваат од двата краја. Смоквите се ставаат во длабок лонец, се прелеваат со ладна вода и се ставаат на шпорет да проврие водата. Водата се фрла, се става нова вода и лонецот се враќа на шпорет. Оваа постапка се повторува 6 пати. Кога ќе се фрли и последната вода смоквите се ставаат во цедалка за убаво да се исцеди преостанатата. Три килограми шеќер се ставаат во лонецот за слатко и се додаваат две чаши вода. Се става на шпорет да се растопи шеќерот и да почне да вари. Се вари околу 20 минути. Се додаваат смоквите. Слаткото се вари на силен оган. Пената што се прави, се собира. Пет минути пред крајот се додава сок од 3 лимони и 3 ванили. Слаткото се трга, се покрива со влажна крпа и се остава да отстои 10 минути. Потоа уште еднаш се враќа назад на шпоретот да врие уште 10 минути. Пак се покрива со влажна крпа. Изладеното слаткото се собира во тегли.

Scroll to Top