Потребни состојки:
- 250 гр путер
- 200 гр плазма
- 200 гр шеќер
- 200 гр чоколадо за готвење
- 100 гр сусам
- 50 гр бадеми
- 50 гр кикиритки
Начин на подготовка:
Се мелат плазмата и кикиритките, а бедемите се сечат ситно. Се пропржува сусамот на тава. Се матат јајцата со шеќер и се додава растопен путер, па се топи на оган 15 минути, заедно со чоколадото. Во течната смеса се додаваат бадемите, кикиритките и сусамот. Смесата се става во триаголнест калап. Се става во фрижидер да се стегне. Колачот се сече на парчиња дебели еден сантиметар.