Едноставни еклери, поинакви од традиционалните, ама со безпрекорен вкус….
За еклерите
200мл. вода
80мл. масло
165гр. просеано брашно
прстофат сол
1/2 лажичка цимет
За фил
200гр. крем сирење
100гр. путер од кикирики
3 лажици мед
Дополнително
околу 100гр. микс џем од малини, боровници и капини или каков имате
1 лажица цимет
Во тенџере се става водата, маслото, циметот и солта, се загрева до вриење. Постојано мешајќи со дрвена лажица се додава просеаното брашно.
Смесата се остава да се подизлади, па се додаваат едно по едно јајцата и се мешаат со миксер до воедначена смеса.
Тестото се префрла во силиконски шприц или кеса и се формираат помали долгнавести еклери.
Се печат 15-20 минути на 200Ц без отварање на рерната.
Изладени се сечат на половина.
За филот во сад со миксер се соединува крем сирењето заедно со путерот од кикирики и медот.
На секој еклер најпрво нанесуваме по една лажичка мармалад, а потоа со помош на шприц и приготвениот фил.
По желба на секој еклер наросуваме цимет во прав.
Напомена
Декорацијата може да биде и класична со растопена чоколада, но јас сметав дека е веќе доволно богато на вкус.