СОСТОЈКИ:
400 гр наполитанки
200 гр еурокрем
2 темни чоколади
малку мелени кикирики
НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:
Подготовката е повеќе од едноставна. Наполитанките ситно се дробат со рака, а еурокремот и чоколадото ги топиме заедно на пареа.
Наполитанките се додаваат во смесата со еурокрем и чоколадо по што се ставаат и кикиритките.
Се прават топчиња и се оставаат додека да се стегнат во фрижидер.