ФОТО: Долго е 67 метри и има многу калории, но нема да одолеете без да го пробате!

Мексиканците го соборија својот светски рекорд и повторно направија најголем сендвич на светот.

Чудовиште долго 67 метри по името „супер торта“, а го направија во Венустиано Карацо дистриктот во Мексико Сити. Во подготвоката на соборувањето на рекордот учествуваа и локалните власти.

Илјадници кришки леб со зелена салата, кромид и домати, помешани со повеќе од 60 различни состојки, меќу кои имаше и литри мајонез, сенф и лут сос, се употребени за правење на овој џиновски сендвич.

Секое парче од оваа „супер торта“ има поинаков вкус, што ги претставува бројните комбинации кои локалните кувари ги користат во своите специјалитети.

Scroll to Top