Фурнаринки со палента

Потребни состојки:

160мл вода млака
350-400гр брашно
1 јајце
60гр палента
1/2 лажиче шеќер
1 кесичка сув квасец
1 лажиче сол
80мл масло
за попрскување зачини по желба

Начин на подготовка:

Квасецот да стаса. Потоа од сите состојки замесуваме меко лепливо тесто. Оставаме да нарасне. Работната маса ја посипуваме со брашно и го префрламе тестото. Го премесуваме и додаваме брашно ако многу лепи. Го делиме на три дела и од секој дел развлекуваме кора дебела пола прст. Сечеме ленти по должина, а широки околу еден сантиметар. Ги редиме во намастен плех. Во филџан помешуваме малку масло и вода и ги премачкуваме лентите со четка. Одозгора ставаме сув зачин по вкус: рузмарин, буковец, сусам, ким, сол. Оставаме десетина минути да посраснат и печеме во загреана рерна. Ги служиме и топли и ладни.

Scroll to Top