Германски гулаш

Потребни состојки:

450 гр. јунешко месо
400 гр. кромид
1 лажица свинска маст или 3 лажици масло
2 чешниња лук
1 лажица кафен шеќер
2-3 листа ловор
1 лажичка ким
1 лажичка сув мајоран
1 лажичка сува мајчина душичка
3 лажички црвен пипер во прав
1 лажичка лут црвен пипер во прав
2 лажици концетрат од домат
малку сол
1 литар говедски бујон

За послужување:
2 лажици кисела павлака
100 мл. слатка павлака

Начин на подготовка:

Приготвеното месо исечете на коцки. Исецкајте го кромидот и лукот на помали коцки, но оставете ги засебно не да бидат измешани. Ставете во тенџерето маст или маслото добро да се загрее, по што ќе го додадете исеченото јунешко месо. Нека се пржи 4-5 минути, мешајте за да се запржи од сите страни. Извадете го месото од тенџерето и во истата маснотија ставете да се пржи кромидот околу 5 минути. Додадете ги лукот, шеќерот, ловоровиот лист, кимот, мајоранот, мајчината душичка. Пржете уште некоја минута, па вратете го назад месото, заедно со соковите кои ги пуштило во садот, добро измешајте и пржете уште 5 минути. Додадете ги благиот и лутиот црвен пипер, концетратот од домати и измешајте да се пржи 1-2 минути за да се спојат сите состојки. Залијте со говедскиот бујон, посолете по вкус, поклопете и оставете на тивок оган да се вари околу еден час. Повремено промешувајте.
Послужете го топол, по вкус со малку павлака или слатка павлака.

Scroll to Top