Хачапури на два начина: меко тесто со јајце и сирење

Хачапурито ѝ припаѓа на грузиската национална кујна, но е познато јадење во целиот свет. Самиот збор хачапури е составен од два збора: хачо, што значи урда, и пури, што значи леб. Не постои еден и единствен рецепт за хачапури.

Tестото може да се замесува со сув квасец или прашок за печење. Може да се и користи млеко, јогурт, павлака или кисело млеко. Хачапурито може да се пече во рерна или да се пржи во тава. Како фил може да се користи урда, сирење, кашкавал, а може и месо, па дури и риба.

Може да биде затворена или отворена. Ако е отворена, може да биде со јајце одозгора или без. Секој си го прави според сопствениот вкус и желба. Многу е вкусно, а едноставно.

I Рецепт: Отворено хапачури

Состојки за тестото:

  • ½ чаша топло млеко, ⅓ чаша топла вода, 1 ½ лажички бел шеќер, 1 кесичка сув квасец, 2 лажички маслиново масло, 2 ¼ чаши сенаменско брашно, 1 ½ лажичка сол. За мешавината на сирењето: 120 г ситно сечкано кравјо сирење, 120 г ситно сечкана моцарела, 230 г фета сирење.
  • Друго: 2 големи јајца, 1 лажица путер, сол по вкус, 1 лута пиперка по желба.

Постапка:

Во длабок сад се мешаат млекото, водата, шеќерот и квасецот. Вака подготвената смеса се остава да отстои додека квасецот не омекне, околу 5 минути. Се додаваат маслиновото масло, брашното и солта. Постојано се меша додека не се добие меко тесто.

Се покрива и се остава да стаса на топло место додека не се зголеми двојно волуменот, 1-2 часа. Се загрева рерната на 245 степени. Се мешаат претходно изренданите сирења додека тестото да стаса. Откога тестото ќе се подигне, се префрла на набрашнета површина и малку се размесува.

Се дели на еднакви делови и се прави вдлабнатина во форма на кајак во секоја од нив. Се наросува малку брашно во вдлабнатините и потоа се става од филот со сирење. Може да се додаде и кашкавал, печурки или сувомесно месо. Се отсекува вишокот околу тестото и вака подготвените теста се ставаат на хартија за печење.

Се печат во загреана рерна 15 минути. 3-4 минути пред да се извадат печените хапачури во секое тесто се става едно јајце и се пече уште неколку минути. По изминатото време, се вадат од рерна и се премачкува тестото со малку путер.

II Рецепт: Затворено хапачури

Состојки:

  • 800 г брашно, 500 мл јогурт, 1 јајце,100 г путер (растопен), 3-4 лажици масло за готвење, 1 коцка свеж квасец, 1 лажичка сол, 1 лажичка шеќер. За фил: 750 г сирење или урда, 1 белка, 1 жолчка за премачкување.

Подготовка:

Од сите наведени состојки за тестото на вообичаен начин се прави меко тесто, кое обично може по малку и да се лепи за рацете. Тестото се покрива со пластична фолија (за да не се создаде кора) и се остава најмалку 1 час да стаса (можеби и нема многу да нарасне, но тоа е нормално).

Додека тестото стасува, се подготвува филот. Сирењето се ренда или ситно се сечка, а потоа се мешаат заедно со 1 јајца и 1 белка (втората жолчка служи за премачкување). Нараснатото тесто се става на добро набрашнета површина и уште еднаш кратко се развлекува, се дели на 12 дела и се формираат 12 топчиња (секое топче треба да тежи околу 120-130 г).

Од секое топче од тестото се формира мала вдлабнатина, а во средината се става од филот. Со помош на рацете се лепат страните од филот така што ќе се покрие со тесто. Оформената топка се завртува со залепениот дел од долната страна.

Така се постапува со сите 12 дела. Откога ќе се исполнат сите топчиња со фил, се прави уште една вдлабнатина во тестото и одозгора се става јајце по желба. Потоа, со помош на оклагија, се расукува круг и се сместува во тава обложена со хартија.

Според големината, во една тава може да се наредат четири хачапури. Секоја пита се премачкува со разматена жолчка од јајце, се наросува со сусам, ким или афион (по сопствена желба) и се оставааат малку да одморат или сè додека не се загрее рерната.

Се печат во загреана рерна на 200 степени, околу 15 минути или додека ја променат бојата, односно малку да поруменат.

Scroll to Top