Потребни состојки:
2 главици кромид
2 моркова
400 грама шампињони
500 грама јунешко месо
1 компир
масло
сол, магдонос, бибер, ловоров лист, босилек
црвена пиперка
Начин на подготовка:
Во длабок сад ставете малку масло и издинстајте го кромидот. Потоа, додајте ги шампињоните и морковите. Кога ќе се продинстаат малку, ставете го и месото и измешајте. Додајте зачини. По неколку минути, додајте го и компирот исечен на коцки. Прелијте со вода и оставете го да се крчка околу час и половина. Во помало тенџере ставете малку масло, загрејте, па додајте брашно и црвена пиперка и направете запршка. Ставете ја запршката во тенџерето кога месото и зеленчукот ќе бидат готови. Загревајте со запршката уште 5 минути, а потоа јадењето ќе биде спремно за послужување.