Кадаиф со путер

Потребни состојки:

500 г кадаиф,
250 г путер,
100 мл масло,
400-500 гр ореви ситно и крупно сечкани

Начин на подготовка:

Половина од кадаифот рамномерно распоредете го во тепсија 35х25 см. Наросете со половина сечкани ореви. Распоредете ја и преостанатата половина кадаиф. Фино и еднакво распоредете, па лесно притиснете со дланката. Кадаифот прелијте со 250 г растопен путер и помешан со 100 мл масло. Печете го на 200 степени додека да започне да заруменува, па намалете на 180 степени околу половина час и оставете 15 минути или повеќе на 150 степени за да се исуши убаво.

Кадаифот треба да остане жолт и готов е кога малку ќе се собере и ќе се одвои од страните на тепсијата. Издадениот кадаифот се полева со жежок шербет. Шербетот треба да е густ, а ќе го направите од 1,5 кг шеќер и 1 литар вода. Варете околу 10 минути, а по желба додадете и тркалца лимон.

Scroll to Top