Канелони со мелено месо

Потребни состојки:

15 канелони
500 гр мелено месо
1 главица кромид
3-4 лажици масло
1 лажица зачинал
малку црн пипер
30 гр рендан пармезан
50гр рендан кашкавал
200 мл неутрална павлака за готвење
50 мл бело вино
1 лажица власец

Доматен прелив:

500 мл доматен сос
250 мл вода
1 лажица шеќер
1 лажица зачинал
малку црн пипер
морско оревче,
сув босилек
оригано

Начин на подготовка:

Во маслото се запржува сечкан кромид, па се додава меленото месо и се пржи додека да испари водата. Потоа се налева виното, па откако ќе се впие се додаваат и останатите состојки. Се пржи додека не се добие компактна смеса. Се остава филот некое време малку да се подизлади (ако е жежок можат канелоните да испукаат), па се полнат канелоните со мало лажиче. Се редат во тава една до друга.

Сите состојки за доматнот прелив се ставаат во тенџерче и се загреваат до вриење. Со оваа смеса се прелеваат канелоните, а одозгора се ренда кашкавал или пармезан. Се печат во загреана рена на 200 степени околу 20 минути. Послужете ги топли.

Scroll to Top