300 гр бисквити
100гр чоколадо за готвење
100гр млечно чоколадо
150 гр путер
50 гр шеќер во прав
2 лажици од слаткото
4 смокви од слатко
100гр потпечени лешници
1 лажица какао
какао и кандирани цреши
Бисквитите ги кршиме некои на покрупни, некои на поситни парчиња. Ги полеваме со слаткото.
- Во сад го ставаме путерот, шеќерот во прав, чоколадото и со постојано мешање чекаме да се стопат состојките до кремаста смеса.
- Смоквите ситно ги сецкаме и ги додаваме во бисквитите, лешниците ги толчиме и ги додаваме кај бисквитите.
- Стопената чоколадна смеса ја додаваме кај бисквитите и убаво мешаме.
- Касатото го ставаме во сад и го формираме.
- Оставаме да се олади го посипуваме со какао и декорираме со кандирани цреши.