Кекс торта со ореви без печење

Потребни состојки:

250 мл зовриена вода
300 г мелени ореви
250 г несолен путер, омекнат на собна температура
220 г шеќер во прав
250 мл млеко
2-3 лажици рум (наместо рум може сок од портокал или 1 лажица екстракт од рум)
600 г бисквити
ореви за наросување, половина мелени, половина сечкани

Начин на подготовка:

Оревите попарете ги со 250 мл зовриена вода, мешајте една минута додека да се соедини, па тргнете од оган и оставете целосно да излади. Во меѓувреме пенасто изматете го путерот. Додадете шеќер во прав и продолжете со матење додека да стане кремасто. Во изматениот путер додадете ги целосно изладените ореви и убаво соединете. Филот поделете го на четири еднакви делови. Бисквитите натопувајте ги во млеко со рум (или со сок од портокал) и редете во правоаголен калап, во 4 реда по 5 бисквити (20 бисквити во ред). Преку секој ред нанесете фил. Најгоре и странично наросете мелени и сечкани ореви. Пред сечење и послужување тортата треба да отстои во фрижидер, најдобро преку ноќ.

Scroll to Top