Кокос ролат

Потребни состојки:

За темниот дел:

250гр мелени бисквити
100гр чоколадо за готвење
150гр шеќер
1,5дл млеко

За светлиот дел:

125гр маргарин
150гр шеќер во прав
100гр кокос брашно

Начин на подготовка:

Темен дел: Истопете го чоколадото па измешајте го со мелените бисквити, шеќерот и млекото и се добро измешајте да се соедини. Смесата истенчете ја на целофан.

Светол дел: Пенасто изматете го маргаринот со шеќерот во прав, па додадете го кокосот и добро соединете.

Распоретете ја смесата врз темниот дел и завиткајте во ролат. Добро изладете го во фрижидер, па пресечете го на тркалца.

 

Scroll to Top