Колач со банани и путер од кикирики

Потребни состојки:

3 зрели банани
300 гр просеано брашно
1 ќесичка прашок за печиво
прстофат сол и малку цимет
2 јајца
80 гр темно чоколадо
100 гр кафеав шеќер
2 лажици какао
100 гр путер од кикиритки
60 гр масло
100 гр јогурт

Начин на подготовка:

Загрејте ја рерната на 180 степени. Калапот за колачот премачкајте го со путер и наросете брашно. Изгмечете ги добро бананите. Растопете го чоколадото на пареа и измешајте го со какаото во прав. Измешајте ги сувите состојки во еден сад, а во друг измешајте ги јајцата, додадете ги изгмечените банани, јогуртот и маслото. Комбинирајте ја оваа смеса со сувите состојки. Смесата поделете ја на два дела, во едниот дел ставете го путерот од кикиритки, а во другиот дел чоколадото. Наизменично ставајте малку од едната, па од другата смеса додека не ги потрошите двете. Печете 50 минути. По желба, премачкајте го колачот со малку стопено чоколадо, готов карамел, малку шлаг и сечкани кикиритки или пак прелијте го со мазен путер од кикиритки.

Scroll to Top