Колач со јаболка

Потребни состојки:

5 јајца
350 гр брашно
200 гр шеќер
½ кесичка прашок за печиво
1 кесичка ванилин шеќер
3 средни јаболки
6 лажици ладна вода

Начин на подготовка:

Измешајте го  шеќерот со ванилиниот шеќер, и брашното со прашокот за печиво. Со миксер добро измешајте ги јајцата со шеќер и ванилин шеќер додека смесата не стане пенаста. Додадете го брашното со прашокот за печиво и додајте ја ладната водата со лажица едно по едно со константно мешање со миксер и на крајот се додава ренданото јаболко. Плехот обложите го со хартија за печење и истурете го тестото. Печете во загреана рерна.

Scroll to Top