Потребни состојки:
5 јајца
350 гр. брашно
200 гр. шеќер
½ кесичка прашок за пециво
1 кесичка ванилин шеќер
3 средни јаболка
6 лажици ладна вода
Начин на подготовка:
Измешајте го шеќерот со ванилиниот шеќер, а брашното со прашокот за пециво. Со миксер добро измешајте ги јајцата со шеќер и ванилин шеќер додека смесата не стане пенаста. Додадете го брашното со прашокот за пециво и додајте ја ладната водата со лажица едно по едно со константно мешање со миксер. На крајот додајте го ренданото јаболко.
Плехот обложите го со хартија за печење и истурете го тестото. Печете во загреана рерна на 200 степени.