Потребни состојки:
400 мл. млеко
1 пудинг од ванила
2 јајца
400 гр. шеќер
170 гр. маргарин
150 гр. шеќер во прав
200 мл. слатка павлака
50-тина бисквити
млеко за нив
кокос за горе
Начин на подготовка:
Во сад на рингла се става 350 мл млеко да врие. Остатокот од млекото се меша со јајцата, пудингот и шеќерот за да се добие мазна смеса, па се става смесата во млекото. Се меша постојано за да не се направат грутки. Откако пудингот ќе згусне се трга на страна. Внатре се става маргаринот претходно изматен со шеќер во прав и па се меша да се соедини смесата.
Во длабок пластичен сад се става ред бисквити натопени во млеко, па врз нив фил. Постапката се повторува додека има смеса. Најгоре ставете кокос. Послужете го колачот откога ќе остине.