Колач со пудинг и бисквити

Потребни состојки:

бисквити
пудинг по желба
млеко
шеќер

Начин на подготовка:

Количините за состојките се произволни, затоа што колачот се реди по сопствена желба. Пудингот сварете го според упатството на кесичката. Одберете пудинг по сопствен вкус (ванила, јагода, чоколадо, а може да искомбинирате и два различни пудинга). Во тава или пластичен сад најпрво наредете еден ред бисквити. Не се потопуваат во млеко бидејќи врз нив се става жежок пудинг, па веднаш омекнуваат. Врз пудингот се реди нов ред биксвити, па се става нов ред пудинг. Ако ставате два различни пудинга, првиот ред бисквити прелејте го со едниот пудинг, а вториот ред бисквити со пудингот со друг вкус. Редете додека не ги потрошите состојките. Пред сервирање, колачот ставете го да се разлади во фрижидер барем 3-4 часа.

Scroll to Top