Потребни состојки:
250 грама брашно
3 јајца
120 грама путер
180 грама шеќер
½ кесичка прашок за печиво
2-3 лажици јогурт
кора од лимон
100 грама лешници или бадеми
½ килограм исчистени зрели вишни (засладени)
шеќер во прав
Начин на подготовка:
Обложете го калапот со хартија за печење. Изматете ги жолчките, шеќерот и путерот да добиете пенеста смеса. Додајте го брашното измешано со прашок за печиво, јогурт и изрендана кора од лимон, па сето тоа измешајте го. На крајот изматете снег од белки и заедно со мелените лешници измешајте ги во смесата. Префрлете ја смесата во калапот и распоредете ги вишните на површината. Печете го колачот 25-30 минути на 200 степени. Кога ќе се излади, наросете шеќер во прав по желба.