Колачи со смокви и ореви

By

Потребни состојки:

Суви смокви
200 грама ореви сечкани
200 грама желе
250 грама шеќер
1 ванила
200 грама маргарин
500 грама мелени бисквити
150 грама мелени ореви
рум
сок од портокал

Начин на подготовка:

Сувите смокви се полнат со сечкани ореви и сечкано желе. Прво се ставаат оревите, па желето, па повторно ореви. 250 грама шеќер, 1 чаша вода, 1 ванила и 200 грама маргарин се вари на тивко околу 5 минути.  Смесата се трга на страна и во неа се става 500 грама мелени бисквити, 150 грама мелени ореви и по желба малку рум.

Од семесата се прават топчиња и со секоја смоква се обликува како бомбица. Се валкаат во мелени ореви, се ставаат во фрижидер да се стврднат и потоа се сечат на 4 дела.

Ќе ви се допадне