Јадењата со риба се екстремно расипливи, безбедни се за јадење само два дена. Мора да се чуваат во фрижидер, на температура помала од 8 степени.
По правило, јадењата со зеленчук се загреваат само еднаш, секогаш на висока температура. Супите и чорбите најдобро е да ги сварите.
Спанаќот и печурките не ги подгревајте, можете да ги послужите ладни во рок од два дена. Јадењата со месо имаат малку подолг рок на траење, па можете да ги јадете до пет дена. Мора да се чуваат на ладно место, на температура помала од 8 степени, а веднаш по консумирањето треба да се чуваат во фрижидер. Значи, не оставајте ги плеховите со месо на масата, туку веднаш по ручекот повторно пакувајте ги парчињата во чисти садови, затворете ги и ставете ги во фрижидер. Доколку јадењето се приготвува со месо во сос, ризикот од расипување е поголем, затоа потрудете се ваквата храна да ја изедете до три дена максимум.
Руските и француските салати се расипливи поради јајцата, компирите и мајонезот, па затоа треба да стојат на многу ниска температура (до 4 степени), а рокот на траење е три дена.
Колачите имаат рок на траење од четири дена (ако се полни со крем, особено на база на јајца) до дваесет дена (ако се суви како бисквити или ванилици).
Варените јајца задолжително чувајте ги во фрижидер, а не во корпа на масата. Доколку се чуваат на овој начин, јајцата имаат рок на траење од шест дена.