Компир потпечен со кашкавал и шунка

Потребни состојки:

1 килограм компири

малку масло

сол по вкус

200 грама кашкавал

околу 100 грама шунка или сувомеснато по избор

2 шолји павлака за готвење или бешамел сос

Излупете го компирот и исечете го на ленти, но не до крај, туку така што ќе остане целосен на дното. Премачкајте ги компирите со масло со помош на четка, посолете ги и печете ги во рерна на 200 степени околу еден час. Дел од кашкавалот и шунката исечете ги на парчиња па подредете ги во празнините на печениот компир: шунка-кашкавал-шунка и сè така додека не ги наполните сите компири. Потоа, прелијте ги со бешамел сос и наросете со изрендан кашкавал. Печете уште 20 минути на 200 степени.

Scroll to Top