Крем-чорба од брокули

Состојки:

1 главица кромид
2 чешниња лук
1 голема главица брокула
1 голем компир
1 морков
1 л вода
по вкус сол и бибер
масло по потреба
2-3 лажици кисела павлака
по желба препечен леб

Начин на подготовка:

Излупете ги и ситно исечкајте ги кромидот и лукот. Компирот и морковот исчистете ги, па исечете ги на парчиња. Брокулата поделете ја на цветови и ставете ја да стои во студена вода. Коренот од брокулата измијте го и насечете го на ситни коцки. На масло испржете ги кромидот и лукот додека не се кристализираат. Додадете ги компирот, морковите и коренот од брокула. Пржете неколку минути со често мешање, потоа додадете литар вода. Кога ќе зоврие, посолете и ставете бибер по вкус и гответе уште 10-15 минути. Додадете ги цветовите брокула и гответе додека не омекнат. Почекајте малку да се олади, па подготвениот зеленчук заедно со водата во која се готвел изматете го во блендер. Додадете и кисела павлака, па заедно блендирајте. Служете со препечени парчиња леб.

Scroll to Top